ТРАГЕДИЈА ШТО МОЖЕЛА ДА СЕ СПРЕЧИ – Нови детали од несреќата во Кисела Вода
Недостаток на безбедносни мерки најверојатна причина за несреќата.

Според првичните информации од Државниот трудов инспекторат за трагедијата на градилиште во скопската општина Кисела Вода, на локацијата недостасувале соодветни мерки за заштита од лизгање на земјиштето, што се смета за главна причина за несреќата. Ова, како што наведуваат, било евидентно и од фотографиите и видео-снимките направени веднаш по настанот.
Во моментов се спроведува втор увид на терен, а од изведувачот и инвеститорот се очекува да ја достават целокупната потребна документација.
Инвеститор на објектот е фирмата „НАР Инвестмент“ чиј основач и сопственик е Ивица Коневски, поранешен градоначалник на општина Аеродром, а директор е Илија Коневски. Изведувач е фирмата „Јакимовски“ дооел увоз – извоз основана во 2011 година чиј основач и сопственик е Предраг Јакимовски. Надзорот бил доделен на фирмата Сара-4. Градежната дозвола за проектот е правосилна од март оваа година.
Градилиштето е затворено до завршување на истрагата, а надлежните институции информираат дека работите нема да продолжат сè додека не се утврдат и применат сите неопходни безбедносни мерки.
Надлежните најавуваат темелна истрага за целосно утврдување на околностите и евентуалната одговорност за несреќата.
Инаку, работник на 34-годишна возраст од Крива Паланка го загуби животот, а уште четворица се повредени во тешка несреќа на градилиштето каде се изведувале градежни работи на станбен објект.
ТРАГЕДИЈА НА ГРАДИЛИШТЕ – Познат идентитетот на загинатиот работник, тројца повредени
