ЖЕСТОКА ПОРАКА ОД ГЕНЕРАЛОТ КЕЛОГ ДО ТРАМП – Доста беа преговори, време е за удар

Кит Келог смета дека дипломатијата е исцрпена и бара поагресивен пристап кон Иран.

ЖЕСТОКА ПОРАКА ОД ГЕНЕРАЛОТ КЕЛОГ ДО ТРАМП – Доста беа преговори, време е за удар
Фото: Принтскрин

Пензионираниот генерал-потполковник и поранешен американски пратеник во Украина, Кит Келог, упати повик до американскиот претседател Доналд Трамп да го засили притисокот врз Иран и да „ја заврши работата“, оценувајќи дека нема простор за понатамошни преговори.

Во своето гостување на Фокс њуз, Келог истакна дека САД треба да преземат поагресивен пристап, вклучително и таргетирање на островот Харг, стратешки важен центар за иранската нафтена индустрија. Според него, создавањето дополнителен притисок ќе го стави Техеран во позиција да реагира, но без капацитет целосно да се справи со кризата.

Тој нагласи дека Трамп веќе дал доволно шанси за дипломатско решение и дека сега е време за поодлучни чекори. Келог верува дека САД имаат јасна предност и можат да го засилат економскиот притисок, вклучително и преку блокади и удари врз клучни сегменти од енергетската индустрија, наместо врз инфраструктура што директно ги погодува цивилите.

„Сè уште ги имаме картите во рака“, заклучи Келог.

Тој потенцира дека Вашингтон може значително да ја влоши економската позиција на Иран без директно да нанесе штета врз населението.

CATEGORIES
TAGS
Share This