НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ЧАДОР – Попладнево доаѓа дожд и грмежи

Температурите во широк интервал, утро студено, денот значително потопол.

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ЧАДОР – Попладнево доаѓа дожд и грмежи
Фото: Национал

Времето денеска (20.04) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од 3 до 23 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This