МИЦКОСКИ ОТКРИВА – Зошто Груевски не може да биде екстрадиран веднаш

Постапката за екстрадиција, според власта, не може да почне без укинување на азилот.

МИЦКОСКИ ОТКРИВА – Зошто Груевски не може да биде екстрадиран веднаш
Фото: Национал

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, сè уште има одобрен азил, поради што засега не е поднесено ново барање за негова екстрадиција, изјави премиерот Христијан Мицкоски, реагирајќи на обвинувањата од СДСМ дека постапката се одолговлекува.

Мицкоски направи споредба со случајот во Полска, наведувајќи дека таму станува збор за поинаква ситуација.

„Полските поранешни функционери немаат азил. Во нашиот случај, поранешниот премиер има азил. За да се испрати барање за екстрадиција, прво мора да се заврши процедурата за укинување на азилот. Доколку сега испратиме барање, би добиле негативен одговор. Можеме да го испратиме и утре, но треба суштински да се гледаат работите“ – изјави Мицкоски.

Тој додаде и дека опозицијата наместо тоа треба да се фокусира на други случаи, споменувајќи го Васко Ковачевски и неговото враќање во земјата.

CATEGORIES
TAGS
Share This