ХАОС ВО КИЕВ – Полицајци избегале среде напад, напаѓач косел има мртви

Двајца полицајци се повлекле по првите истрели, оставајќи цивили без заштита во Киев.

ХАОС ВО КИЕВ – Полицајци избегале среде напад, напаѓач косел има мртви
Фото: Принтскрин

Двајца полицајци во Киев се суспендирани откако наводно го напуштиле местото на пукотница, оставајќи цивили меѓу кои и дете без заштита, објавија медиумите повикувајќи се на информации од украински извори.

Според видеоматеријал на кој се повикува каналот TSN, патролата пристигнала на повик, но по првите истрели се повлекла од локацијата, додека невооружените граѓани останале сами. Во инцидентот, како што се наведува, еден возрасен не успеал да се спаси.

Украинската полиција претходно информираше дека непознат напаѓач отворил оган врз луѓе, по што се засолнил во супермаркет и зел заложници. Подоцна бил ликвидиран во полициска акција.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека во нападот загинале шест лица, а 15 се повредени. Случајот се третира како терористички напад и за него е отворена истрага.

Началникот на Националната полиција, Иван Вихивски, изјави дека по наредба на министерот за внатрешни работи, Игор Клименко, започната е официјална постапка за утврдување на одговорноста на полицајците.

„Ќе ги испитаме сите околности без исклучок и ќе се анализираат сите достапни видеа и ќе се разговара со сведоци. Собраните информации ќе бидат доставени до надлежните институции“, изјави Вихивски.

Министерот Клименко порача дека принципот „служи и заштити“ мора да биде поткрепен со конкретни постапки, особено во ситуации кога животите на граѓаните се директно загрозени.

CATEGORIES
TAGS
Share This