10 ВОЗАЧИ УАПСЕНИ ЗА 24 ЧАСА Меѓу нив и 16-годишник зад воланот

Седуммина возеле без положен возачки испит, двајца ја прекршиле забраната за управување, а еден бил под дејство на алкохол.

10 ВОЗАЧИ УАПСЕНИ ЗА 24 ЧАСА Меѓу нив и 16-годишник зад воланот
Фото: Принтскрин

Десет возачи биле лишени од слобода на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, информираат од полицијата.

Најголем дел од приведените, односно седум лица, управувале возило без да положат возачки испит. Меѓу нив се Д.А. (41), Ш.Џ. (23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, како и Ф.И. (45) и С.К. (56) од скопско и С.Х. (44) од Тетово.

Полицијата привела и двајца возачи кои управувале возило и покрај активната забрана за возење. Станува збор за Б.Д. (45) од Велес и С.Б. (25) од Гостивар.

Десеттото лице, Т.Н. (37) од Гостивар, било затекнато како управува возило под дејство на алкохол.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел заеднички да придонесат за поголема безбедност на патиштата.

CATEGORIES
Share This