ЛУКАШЕНКО СО ЗАПЛАШУВАЧКА ПОРАКА – Ако падне Белорусија, следи хаос во Европа
Секој конфликт со Белорусија би се сметал за директен конфликт со Русија.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е неприфатливо Русија да ја „изгуби“ Белорусија, која ја нарече нејзин најблизок сојузник.
Тој предупреди дека секој конфликт со Белорусија би значел и конфликт со Русија, нагласувајќи дека двете земји се тесно поврзани и правно обврзани да се поддржуваат една со друга.
Лукашенко посочи дека во случај на агресија врз Белорусија, Москва би ги искористила сите свои капацитети за нејзина одбрана. Според него, оваа порака е јасно позната и во САД и во Европа.
„Ние сме законски обврзани едни кон други, а Русија јасно кажа дека ќе го употреби целиот свој арсенал за одбрана на Белорусија. Затоа конфликт со Белорусија е конфликт и со Русија“, изјави тој.
Тој додаде дека на западните граници на Русија веќе се формираат сили кои би можеле да ја поддржат белоруската армија, што, како што рече, дополнително ја зголемува тензијата, поради што „никој не сака војна“.
