ЗАКАНУВАЧКА ИЗЈАВА НА АХМЕТИ ОД ТИРАНА – Без Албанците заборавете ја Македонија
Лидерот на ДУИ говореше на Самитот на албанската дијаспора во Тирана, каде присуствуваа високи претставници од Косово и Албанија.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од панел-дискусија на Самитот на албанската дијаспора во Тирана, каде што присуствуваа и министрите за надворешни работи на Косово и Албанија, испрати пораки и до Македонија во врска со положбата на Албанците и употребата на албанскиот јазик.
Тој истакна дека постои реална опасност за статусот на албанскиот јазик во земјата и повика на негово унапредување.
„Албанскиот јазик е загарантиран со Охридскиот договор, кој е потпишан и поддржан од Соединетите Американски Држави и НАТО. Заштитата на јазикот е заедничка одговорност на сите и на меѓународната заедница и на домашните политички фактори“, нагласи Ахмети.
Тој додаде дека иднината на Македонија зависи од коегзистенцијата и соработката меѓу заедниците.
„Одговорноста ја делиме сите и Вашингтон, Брисел, НАТО, албанските и македонските политички сили. Македонија има перспектива само преку заеднички живот и разбирање. Без Албанците, нејзината стабилност е доведена во прашање“, изјави Ахмети.
