(ВИДЕО) БОГАТСТВО ДО КРАЈ – Богаташ погребан заедно со луксузен Мерцедес

Семејството ја исполни последната желба на починатиот и луксузен „Мерцедес“ заврши во гроб.

(ВИДЕО) БОГАТСТВО ДО КРАЈ – Богаташ погребан заедно со луксузен Мерцедес
Фото: Принтскрин

Во Кина е забележан необичен и луксузен погреб кој привлече големо внимание на социјалните мрежи, откако починат човек бил испратен во вечниот починок заедно со скап автомобил „Мерцедес“.

Според објави од кинеските медиуми и снимки што се појавија на платформата Веибо, семејството на починатиот ја исполнило неговата последна желба и во гробот да биде спуштен модел Мерцедес-Бенз С450Л, кој бил симболично украсен со црвени ленти.

Сцената е снимена во регионот Лиаонинг, каде што може да се види багер како внимателно го спушта возилото во гробната јама, покрај ковчегот.

Посебно внимание привлече и регистарската табличка на автомобилот со број „8888“, кој во кинеската култура често се смета за среќен и престижен симбол.

За време на погребната церемонија, семејството организирало и луксузен прием за гостите под шатор, каде биле послужени специјалитети како јастог, што дополнително го истакна раскошниот карактер на настанот.

CATEGORIES
TAGS
Share This