НАМЕСТО СОСТАНОК, ТРЧАЊЕ – Муцунски и Прево ја изненадија јавноста со потегот во Скопје

Во спортска атмосфера, Муцунски и Прево ја почувствуваа енергијата на главниот град.

НАМЕСТО СОСТАНОК, ТРЧАЊЕ – Муцунски и Прево ја изненадија јавноста со потегот во Скопје
Фото: Принтскрин

Утрински џогинг наместо формален протокол на Тимчо Муцунски и Максим Превот кои денот го започнаа со 6 километри низ Скопје.

Министерот за надворешни работи Муцунски на Фејсбук сподели дека со својот белгиски колега Прево избрале поинаков старт на денот со неформално утринско трчање низ главниот град.

„Шесте километри низ градот беа одлична прилика, во спортска и опуштена атмосфера, да ја споделиме енергијата на Скопје и на белгиската делегација да ѝ ги доближиме препознатливите симболи на нашиот град“, напиша Муцунски.

CATEGORIES
Share This