НОВА ГЕОПОЛИТИЧКА БОМБА – Иран, САД и Кина на раб на конфликт
Кина ја осудува блокадата на иранските пристаништа и бара итна деескалација на тензиите.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, денес изјави дека Пекинг ја оценува блокадата на иранските пристаништа од страна на САД како „опасен и неодговорен“ потег.
Според него, и покрај привременото примирје постигнато меѓу засегнатите страни, САД го зголемиле своето воено присуство и вовеле целни ограничувања, што може дополнително да ја ескалира ситуацијата, да го поткопа кревкиот прекин на огнот и да ја загрози безбедноста на пловидбата низ теснецот.
Кина ги повикува сите страни да го почитуваат прекинот на огнот, да останат посветени на дијалог и мировни преговори и да преземат чекори за намалување на тензиите, со цел што поскоро да се обезбеди нормален поморски сообраќај низ регионот, пренесува Ројтерс.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека секој ирански брод што ќе се приближи до зоната под американска контрола во Ормутскиот теснец ќе се соочи со уништување, доколку ги наруши ограничувањата.
