ПЕНДАРОВСКИ ГИ ШОКИРАШЕ ВО СДСМ – Партијата е на работ на исчезнување

Пендаровски укажува на сериозна криза во СДСМ и потенцијал за политичка маргинализација.

ПЕНДАРОВСКИ ГИ ШОКИРАШЕ ВО СДСМ – Партијата е на работ на исчезнување
Фото: Принтскрин

Поранешниот претседател Стево Пендаровски упати предупредување до раководството на СДСМ, истакнувајќи дека партијата се наоѓа на критична крстосница. Тој предупредува дека без сериозни промени, СДСМ ризикува понатамошен пад и дури политичка маргинализација.

Пендаровски оценува дека актуелната политичка состојба е парадоксална: и покрај тоа што владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ изгубила дел од традиционалната поддршка, СДСМ не успеала да го искористи тоа и да го канализира опозиционото расположение кај гласачите.

„Кога не успеавте тоа да го направите, рецептите се јасни или ја менувате политичката стратегија и пристапот кон граѓаните, или носите нови луѓе кои ќе знаат да допрат до различни слоеви од гласачкото тело“, порача Пендаровски.

Со ова, тој јасно укажува дека проблемот не е во комуникацијата, туку во суштината на политичкото делување и стратегијата, кадровската поставеност и начинот на кој партијата се обраќа до јавноста.

Пендаровски предупредува дека со тековниот тренд на пад на поддршката, СДСМ ризикува уште полош резултат на следните избори.

„Постои реална опасност партијата да исчезне или да влезе во статистичката маргина на грешка“, додава тој.

CATEGORIES
Share This