МИНИСТЕРСТВОТО ДАВА БЕСПЛАТНИ ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМА – Еве како да аплицирате

Аплицирањето е целосно онлајн и без хартија и чекање во редици.

МИНИСТЕРСТВОТО ДАВА БЕСПЛАТНИ ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМА – Еве како да аплицирате
Фото: Национал

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен повик за доделување потврда, ваучер за купување и вградување инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија.

За прв пат, процесот ќе се одвива целосно онлајн преку веб-страницата на Министерството, што го прави поднесувањето барања побрзо, полесно и без хартиена документација. Насоките за аплицирање ќе бидат јавно достапни, со цел сите заинтересирани да имаат еднаков пристап.

Право на учество имаат домаќинства со лица корисници на надоместок за попреченост, со вкупен месечен нето доход во 2025 година до 30.000 денари за едночлено домаќинство, 45.000 денари за двочлено домаќинство, 63.000 денари за трочлено домаќинство и 83.000 денари за четиричлено и повеќе члена. Домаќинства со деца со попреченост (до 26 години), корисници на посебен додаток, со доход до 45.000 денари за двочлено домаќинство, 63.000 денари за трочлено домаќинство и 83.000 денари за четиричлено и повеќе члена. Во пресметката на доходот не се вклучуваат надоместоците за попреченост или посебниот додаток.

Важно е да се знаде дека едно домаќинство може да поднесе само едно барање. Не се опфатени корисници на цивилна или воена инвалиднина, гарантирана минимална помош или додаток за енергенси.

Во однос на техничките барања на уредите, инвертер клима уреди со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+.

Аплицирањето се врши исклучиво преку платформата:
www.aplikanti.energy.gov.mk

Апликантите треба да поднесат изјава заверена кај нотар, решенија за остварени права, лична документација и документи за составот на домаќинството.

Ако апликацијата е некомплетна, ќе биде даден рок за дополнување.

Изборот се прави врз основа на уредни и комплетни апликации, до исцрпување на средствата. Министерството ќе ги проверува податоците преку надлежните институции. Листите на одобрени корисници ќе бидат јавно објавени и доставени по електронски пат.

Рокот на аплицирање е 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Сите детали за јавниот повик се достапни на официјалниот сајт на Министерството:

Со овој повик, Министерството продолжува да ги поддржува најранливите граѓани, вложувајќи во енергетска ефикасност и намалување на трошоците за енергија.

CATEGORIES
Share This