МАКРОН ПРЕДИЗВИКУВА ТРЕСЕЊЕ – Европа против САД и Кина

Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Индија во фокусот на новата коалиција.

МАКРОН ПРЕДИЗВИКУВА ТРЕСЕЊЕ – Европа против САД и Кина
Фото: Принтскрин

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ги повика своите сојузници да ги здружат силите за да се соочат со влијанието на САД и Кина.

„Нашата цел не е да бидеме вазали на две хегемонистички сили. Не сакаме да зависиме од доминацијата на, да речеме, Кина, ниту да бидеме премногу изложени на непредвидливоста на САД“ им рече Макрон на студентите во Сеул.

Изјават ја даде за време на својата азиска турнеја, каде што разговараше за поморската безбедност во Ормутскиот теснец и за зајакнување на соработката со Јужна Кореја и Јапонија, јави Блумберг.

Тој истакна дека европските земји имаат заеднички интереси со Јапонија и Јужна Кореја по прашања како што се меѓународното право, демократијата, климатските промени и глобалното здравје. Потоа ги наведе и други земји кои можат да се приклучат на коалицијата: Австралија, Бразил, Канада и Индија.

„Заедно, оваа коалиција може да работи во области како што се вештачка интелигенција, вселена, енергија, нуклеарна енергија, одбрана и безбедност“ – додаде Макрон.

Овој апел следува по неговите претходни изјави дека Европа треба да биде противтежа на САД и Кина. За време на посетата на Кина во 2023 година, Макрон предизвика реакции кај европските и азиските сојузници на САД кога рече дека ЕУ не треба да биде „вазал“ на САД.

Следејќи ја традицијата на Шарл де Гол, Макрон долго време се обидува да најде среден пат меѓу САД и Кина, предупредувајќи на можно расцепување во глобалниот поредок. Апелите на францускиот лидер доаѓаат во период кога американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжува критиката кон НАТО и другите сојузници, особено кон Франција и Јужна Кореја, за наводна недоволна поддршка во прашањата поврзани со Иран.

CATEGORIES
TAGS
Share This