МАРКО РУБИО СО ШОКАНТЕН КОМЕНТАР ЗА ИРАН – Тие се луди и опасни
Рубио го поврза Техеран со сите главни терористички групи во регионот, од Хутите до Хезболах и Хамас.

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше иранските власти, оправдувајќи го нападот врз Иран.
„Тие луѓе се луди. Не се нормални. Тоа се религиозни фанатици на кои никогаш не треба да им се дозволи нуклеарно оружје, затоа што имаат апокалиптична визија за иднината“, рече Рубио.
Тој се осврна и на минатото:
„Да дојдеа кај нас и да кажаа: ќе ја напуштиме идејата за нуклеарно оружје како секоја друга земја и ќе го користиме нуклеарното гориво само за мирни цели, приказната ќе беше поинаква. Да рекоа: ќе престанеме да ги поддржуваме терористичките групи во регионот… Погледнете го регионот. Секоја терористичка група таму е поврзана со иранскиот режим – Хутите, Хезболах, Хамас, шиитската милиција што напаѓа во Ирак. Сè води кон Техеран. Тоа мора да се реши. Ако Иран навистина сакаше да го реши ова, немаше да го водиме овој разговор. Тие продолжуваат да се движат кон нуклеарно оружје“, додаде Рубио.
