СТОПИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА ТРАКТОРИ – Земјоделците останаа со празни раце
Платежната агенција го поништи повикот поради злоупотреби

Фото: Принтскрин
Платежната агенција официјално го поништилa повикот за набавка на трактори и приклучна механизација од Програмата за рурален развој за 2025 година. Директорката Даниела Иротова ја образложи одлуката со „констатирани злоупотреби“.
Околу 2.500 земјоделци останаа во неизвесност, без одговор за своите апликации и направените трошоци. Максималната финансиска поддршка изнесува 10.000 евра по апликант.
Националната земјоделска мрежа бара официјално известување за апликантите, додека корупциските афери и стопирањето на ИПАРД 3 програмата го блокираат напредокот во секторот.
CATEGORIES Бизнис
