ТРИУМФ ВО БИТОЛА – Женската репрезентација слави со 3-0

По поразот од Азербејџан, македонските фудбалерки покажаа значително подобра игра во Битола.

ТРИУМФ ВО БИТОЛА – Женската репрезентација слави со 3-0
фото: Принтскрин

Женската фудбалска репрезентација на Македонија забележа убедлива победа над Андора со 3-0 во квалификациите за Светското првенство. По поразот од Азербејџан, македонските фудбалерки денеска во Битола покажаа значително подобра игра.

Теона Галабовска ја отвори резултатската листа уште во 17. минута, а само три минути подоцна со асистенција до Симона Мејер ја зголеми предноста на Македонија. Конечниот резултат го постави Меланија Грозданова со прекрасен гол во 83. минута.

CATEGORIES
Share This