РЕВИЗИЈАТА УТВРДИЛА ПОВЕЌЕ НЕПРАВИЛНОСТИ – Исплати на плати, недостасувања на документи и поврат на средства
Исто така, е утврдено дека работењето не е усогласено со законската регулатива.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) при ревизија на работењето на Министерството за односи со заедниците за 2024 година утврдил сериозни неправилности во финансиското работење и усогласеноста со законските прописи. Клучните наоди се следниве:
Во однос на пописто на средства и обврски не е спроведен целосен попис со состојба на 31 декември 2024 година. 28% од вкупните основни средства, со сегашна вредност од 1.565 илјади денари (25.360 евра), не се пронајдени. Меѓу исчезнатите средства се и 30 преносни компјутери, поради невоспоставена пракса за задолжување на вработените со реверси. За седум моторни возила не е воспоставена сметководствена и материјална евиденција. Министерството нема документација за побарувања од вработени во износ од 2.102 илјади денари од периодот 2012–2020 година, односно не е јасно кој должи и во кој износ.
Кај програмата за финансирање на здруженија и фондации (2023) е забелеажно дека кај 33 организации им се исплатени 19.800.000 денари (320.900 евра). Програмата е донесена со задоцнување во октомври 2023 година. Не се обезбедени докази за бодирањето на 138 поднесени апликации. Дел од документацијата е доставена на албански јазик без превод на македонски, што не е во согласност со законските одредби. 17 здруженија (51% од корисниците) треба да вратат 1.225 илјади денари поради недоставени докази за трошење, при што дел од средствата се вратени, за дел се води медијација, а за едно здружение е поведена судска постапка.
Во одно на исплататан на плати и надоместоци ревизијата утврдила дека за 244 вработени исплатени се 165.010 илјади денари. За 150 вработени (61%) исплатата се вршела без доказ за присуство на работа и полно работно време, иако постои електронска евиденција. Од предвидените 2.556 работни места во Министерството, пополнети се само 244 (10%), што влијае на реалното согледување на потребните кадровски капацитети.
Кај јавните набавки исплатени се 516 илјади денари за нафтени деривати без контрола на регистарските таблички, што овозможило точење гориво и во возила кои не се во сопственост на Министерството. Во две набавки не било побарано објаснување за невообичаено ниски понудени цени. Фактурирани се повисоки износи од прифатените понуди без соодветна документација. За договор во износ од 11.800.000 денари за услуги од авторска агенција не биле побарани лиценци како доказ за исполнување на условите.
Како заклучок, ДЗР изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Министерството. Исто така, е утврдено дека работењето не е усогласено со законската регулатива.


