ВУЧИЌ: СОСТОЈБАТА НА ДАЧИЌ СЕ ПОДОБРУВА – Но компликации се присутни

Дачиќ беше интубиран и во несвест, но потребата од апарат утрово е намалена од 65 на 50 проценти.

ВУЧИЌ: СОСТОЈБАТА НА ДАЧИЌ СЕ ПОДОБРУВА – Но компликации се присутни
Фото: Принтскрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Информер изјави дека е загрижен, но верува дека состојбата на Ивица Дачиќ ќе се подобри.

„Тој беше интубиран и во несвест цело време, но утрово потребата од апаратот е намалена, ако претходно беше 65 проценти, сега е 50. Сепак, се појавуваат компликации поради придружни болести. Секоја прогноза би била непотребна и излишна. Можеме само да се молиме на Бога. Благодарен сум на доктор Попевиќ и на целиот персонал во Клиничкиот центар“, рече Вучиќ.

CATEGORIES
Share This