ВО ЧЕСТ НА ВЕЛИКАНОТ НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА – Салата „Работнички“ ќе го носи името на Лазар Лечиќ

Реконструираната сала е целосно нова: паркет, кров, осветлување и канцеларии

ВО ЧЕСТ НА ВЕЛИКАНОТ НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА – Салата „Работнички“ ќе го носи името на Лазар Лечиќ
Фото: Принтскрин

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека целосно реконструираната спортска сала „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ.

Во телевизиско интервју, Герасимовски изјави дека на следната седница на Советот ќе предложи салата официјално да биде именувана „Лазар Лечиќ“. Иницијативата за тоа доаѓа од ветераните на КК „Работнички“ и спортската јавност, кои сметаат дека името на салата треба да го продолжи духот и традицијата на клубот.

Тој посочи дека е особено горд на реализираниот проект и се заблагодари на претходната и актуелната Влада за финансиската поддршка, која овозможила темелна реконструкција на салата.

„Салата е буквално целосно нова, од кровот, осветлувањето и вентилацијата, до модерен паркет, нови санитарии и средени канцеларии за спортските федерации. За мене ова има посебно значење, а верувам и за сите центарци и скопјани“, истакна Герасимовски.

Тој потсети дека првиот официјален натпревар во салата ќе се одржи во петок, кога македонската кошаркарска репрезентација ќе се соочи со Луксембург.

CATEGORIES
TAGS
Share This