ПОЧИНА НИКОЛА ГЛИГОРОВ – Творец на Скопско лето и музички фестивали
40 години активност на манифестации како Скопско лето и Скопска музичка есен.

Фото: Принтскрин
По кратко боледување почина Никола Глигоров, долгогодишен културен работник и директор на Дирекцијата за култура и уметност Скопје.
„Неговата посветеност и придонес во развојот на културниот живот на Скопје ќе останат трајно врежани во нашата организација и во културната меморија на градот“, велат од Дирекцијата.
Глигоров 40 години активно работеше на манифестации како Скопско лето, Скопска музичка есен, Денови на Европско Скопје, Матурска парада и новогодишните прослави на Плоштад Македонија.
Последното простување ќе се одржи денес, вторник, 24 февруари, во Капела 2 на Градските гробишта Бутел од 12:30 до 13:30 часот.
CATEGORIES Култура


