ОЛИМПИЈАДА ВО КОРТИНА – Деби за македонскиот скијач Виктор Петков

Велеслаломската трка ја заврши со 13,44 секунди заостанување

ОЛИМПИЈАДА ВО КОРТИНА – Деби за македонскиот скијач Виктор Петков
Фото: Принтскрин

Македонскиот натпреварувач во велеслалом, Виктор Петков, утрово го имаше својот прв настап на Олимписките игри во Кортина.

Петков, кој во последен момент се приклучи на олимпискиот тим поради отпадот на Мирко Лазаревски поради допинг, го зазеде 57. место, со заостанување од 13,44 секунди зад најдобриот, Бразилецот Пинхеиро Братен, кој патеката ја помина за 1:13,92 минути.

Со оглед на тоа што ја заврши трката, Петков доби и можност да настапи на втората трка, која се одржува денеска со почеток од 13:00 часот.

CATEGORIES
Share This