МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА – Судот повторно одби македонска организација
Одбивањето е дел од долгогодишната пракса на бугарските судови кон македонските организации.

Големиот македонски активист Атанас Кирјаков на социјалната мрежа фејсбук објави за уште едно одбивање на бугарските судови за регистрација на Македонска организација во Пиринска Македонија. Имено, Окружниот суд во Благоевград го одби барањето за регистрација на „Друштво на репресираните Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор“. Судот оценил декоа дел од целите на организацијата се „насочени против единството на нацијата“.
Ова е дел од долгогодишната пракса на бугарските судови, кои од 1990 година систематски ги одбиваат македонските организации, често повикувајќи се на загриженост за територијалниот интегритет и националното единство. Првиот таков случај бил ОМО Илинден, одбиен веднаш по поднесувањето, иако подоцна Европскиот суд за човекови права утврдил прекршување на правото на слобода на здружување.
Меѓународните институции, вклучително Советот на Европа, повеќепати изразиле загриженост дека Бугарија не ги почитува овие права. Одбивањето на регистрацијата ги ограничува правата на Македонците во Бугарија да функционираат легитимно и да ги застапуваат своите историски и културни интереси.


