НЕ МОЖАТ НИТУ ЕДЕН ДЕН БЕЗ ВОЈНА Русија и Украина меѓусебно се обвинија за кршење на велигденското примирје

Само што вчера слушнавме за Велигденско примирје во Украина, денеска пристигнуваат вести дека 30-часовниот прекин на огнот меѓу Русија и Украина не се одржува

НЕ МОЖАТ НИТУ ЕДЕН ДЕН БЕЗ ВОЈНА Русија и Украина меѓусебно се обвинија за кршење на велигденското примирје

Само што вчера слушнавме за Велигденско примирје во Украина, денеска пристигнуваат вести дека 30-часовниот прекин на огнот меѓу Русија и Украина не се одржува.

Двете страни се обвинуваат меѓусебно за прекршување на договорот.

Најпрвин прекин на огнот од руска страна прогласи претседателот на Русија Владимир Путин во саботата, почнувајќи од 18 часот тој ден и завршувајќи на полноќ во недела.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски врати со недоверба во изјавата на Путин, но, изјави дека Украина ќе се придржува до прекинот на огнот и предложи негово продолжување за 30 дена.

Руските власти во неделата рано наутро известија за прекршуваење на примирјето и за најмалку три експлозии во регионот Доњецк, кој е под руска окупација.

Зеленски врати:

„Помеѓу 18 часот во саботата и полноќ, забележани се 387 случаи на гранатирање и 19 напади од руските сили. Русите користеле беспилотни летала 290 пати“ – рече Зеленски.

Се огласи и портпаролката на ЕУ за надворешни работи, Анита Хипер.
„Русија може да ја заврши оваа војна во секое време, ако навистина сака. Ние продолжуваме да ја поддржуваме Украина во постигнувањето траен, праведен и сеопфатен мир“, рече Хипер.

Во исто време, САД водат мировни разговори со Русија со цел да стават крај на војната, но се соочуваат со тешкотии во постигнувањето брз напредок.

Москва минатиот месец го отфрли предлогот за целосен и безусловен прекин на огнот поддржан од САД и Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот предупреди дека Вашингтон ќе се повлече од понатамошните преговори за крај на војната во Украина доколку наскоро не се постигне напредок.

Претходно, американскиот државен секретар Марко Рубио во петокот се закани дека САД ќе се повлечат од мировното посредувањето за крај на војната ако за неколку дена не видат јасни мировни напори од двете земји бидејќи имаат „други приоритети на кои треба да се фокусираат“.

CATEGORIES
TAGS
Share This