СЕДУМ НОМИНАЦИИ – Леди Гага повторно во центарот на вниманието на „Греми“
Поп-ѕвездата има седум номинации, што е нејзин личен рекорд оваа година

Лејди Гага ќе настапи на доделувањето на „Греми“ наградите во 2026 година, а оваа година е номинирана во дури седум категории и нејзин личен рекорд, објави списанието „Билборд“.
Албумот „Мејхем“ (Mayhem) е номиниран за албум на годината и за најдобар поп-вокален албум. Песната „Абракадабра“ доби номинации за запис на годината, песна на годината и најдобра денс-поп снимка, додека „Disease“ е номинирана за најдобра поп-соло изведба. Албумот „Харлекин“ (Harlequin), снимен за филмот „Џокер 2“ од 2024 година, е во трка за најдобар традиционален поп-албум.
Гага досега има освоено 14 „Греми“ награди, но сè уште нема признание во таканаречената „Голема четворка“ – албум, запис и песна на годината, како и награда за најдобар нов изведувач, јави БТА. Доколку изведе песна од „Мејхем“, тоа ќе биде нејзин прв настап со оригинален материјал на „Греми“ по 2019 година.
На сцената ќе се појави и американскиот рапер Тајлер, д Кријејтор, кој годинава има шест номинации. Меѓу нив се оние за албум на годината и најдобар рап-албум за „Кромакопија“ (Chromakopia), кој се искачи на врвот на листата „Билборд 200“, како и за најдобар алтернативен албум „Don’t Tap the Glass“. Тој е номиниран и за најдобра рап-изведба со „Darling, I“ и за најдобра рап-песна со „Sticky“.
Меѓу најавените изведувачи на свеченоста се и Џастин Бибер, Фарел Вилијамс, Сабрина Карпентер, Слеш, Оливија Дин, Алекс Ворен и други.
-
доделување на „Греми“ наградите ќе се емитува во живо во недела навечер на телевизијата CBS, а водител ќе биде комичарот Тревор Ноа.

