ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ДОЖД И СНЕГ – Магла во котлините

Температурите ќе се движат од минус три до осум степени

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ДОЖД И СНЕГ – Магла во котлините
Фото: Национал

Времето денеска (17.01) ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег и темпетратура во интервал од -3 до +8 степени – информираат од Управата за хидрометеоролшки работи на Македонија.

По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

CATEGORIES
Share This