ТРАМП: ГРЕНЛАНД Е ПРИРОРИТЕТ – Ќе има одмазда за државите кои нема да не подржат

Белата куќа ја поврзува контролата на островот со националната безбедност на САД

ТРАМП: ГРЕНЛАНД Е ПРИРОРИТЕТ – Ќе има одмазда за државите кои нема да не подржат
Фото: Архива

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД би можеле да воведат царини кон држави кои нема да го поддржат неговиот план Вашингтон да ја преземе контролата врз Гренланд.

„Можам да воведам царини ако земјите не го поддржат планот за Гренланд. Тој ни е неопходен за националната безбедност“, рече Трамп на настан во Белата куќа, пренесе NBC News.

Тој не ги прецизираше мотивите и не соопшти дополнителни детали во врска со можните мерки.

Данска, под чиј суверенитет се наоѓа Гренланд, остро ги отфрли американските барања и порача дека островот не е предмет на продажба или политичка размена.

Во меѓувреме, Данска и Гренланд го зголемуваат военото присуство во регионот во соработка со НАТО-сојузниците, како дел од поголеми арктички воени активности, соопштија гренландските вооружени сили.

Оваа изјава доаѓа само неколку дена откако Трамп најави 25-процентни царини кон држави кои соработуваат со Иран и имаат економски договори со САД.

CATEGORIES
TAGS
Share This