МАФИЈА ВО УЈП -Штета од 4,8 милиони евра, осуммина во притвор

Организирана група соработувала од внатре за да го ограби буџетот

МАФИЈА ВО УЈП -Штета од 4,8 милиони евра, осуммина во притвор
Фото: Национал

Осум лица, меѓу кои и високи раководни службеници од Управата за јавни приходи (УЈП), денеска добија мерка притвор во траење од 30 дена по големата акција на ОЈО ГОКК. Основниот кривичен суд го усвои предлогот на обвинителството поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци, во истрагата која откри штета од неверојатни 4,8 милиони евра (над 297 милиони денари) нанесена врз државниот буџет.

Според обвинителството, шемата ја водел српски државјанин кој во соработка со двајца вработени во Регионалната дирекција на УЈП во Скопје, организирал група за даночно затајување и перење пари. За време на акцијата, на 16 локации во Скопје и околината, биле извршени претреси при кои биле пронајдени фиктивни сметководствени документи, лажни печати, компјутерска опрема, а дури и оружје.

CATEGORIES
TAGS
Share This