РАКОВОДСТВОТО НА РЕАЛ ПОДЕЛЕНО ОКОЛУ ОТКАЗОТ НА ЧАБИ – Идеалниот момент бил поразот од Селта Виго
Раководството верува дека доцнењето со отказот може дополнително да ја продлабочи кризата во екипата

Раководството на Реал Мадрид е поделено околу тоа кога требало да се прекине соработката со тренерот Чаби Алонсо, јавува весникот „АС“.
Според еден извор, дел од челниците на „Лос Бланкос“ сметале дека решението требало да се донесе уште во првите денови на декември, додека друга група инсистирала на тоа на Алонсо да му се даде повеќе време и да не се брза.
Сепак, по поразот од Албасете со 3-2 во осминафиналето на Купот на кралот, сите признаа дека аргументите за отпуштање на шпанскиот стратег во декември веројатно биле оправдани. Според раководството, идеалниот момент бил натпреварот против Селта Виго на 7 декември во 15-то коло од шпанското првенство, кој „Лос Бланкос“ го загубија со 2-0. Ако тогаш Чаби добиел отказ, сега состојбата во тимот веројатно ќе била стабилизирана.
Весникот додава дека сега раководството стравува дека доцнењето со отказот на Алонсо може дополнително да ја продлабочи кризата во екипата.


