РУСИЈА МОЖЕ ДА ЈА НАПАДНЕ ЕВРОПА ПРЕДВРЕМЕ – Украинско предупредување за 2027 година

Генерал Буданов истакнува дека Западот се гледа како слаб и неодлучен додека Русија нема многу опции за проширување, освен кон Европа

РУСИЈА МОЖЕ ДА ЈА НАПАДНЕ ЕВРОПА ПРЕДВРЕМЕ – Украинско предупредување за 2027 година
Фото: Принтскрин

Генерал-потполковник Кирил Буданов, началник на украинската воена разузнавачка служба, предупреди дека Русија ја поместила својата стратегија за агресија од 2030 на 2027 година. Според него, Москва гледа на Западот како слаб и неодлучен, и тоа е главната причина за потенцијалниот напад.

Буданов објаснува дека Русија нема многу опции за проширување на влијанието: на север е само Северниот Леден Океан, на исток и југ се САД и Кина, кои се премногу ризични за конфронтација. Останува само Западот како цел на проширување.

Полска, според украинската разузнавачка анализа, не е на листата за окупација, туку е потенцијална цел за воени удари.

Овие предупредувања се појавуваат во период на засилена дипломатска активност. Пред неколку дена во Хелсинки се одржа првиот самит на источното крило на ЕУ за безбедност и заштита на границите, со учество на Полска, Финска, Шведска, Литванија, Латвија, Естонија, Романија и Бугарија.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, истакна дека алијансата е „следната цел на Русија“ и дека заканата е реална и растечка. Тој нагласи дека е потребна итна акција за спречување на уште една војна во Европа.

CATEGORIES
TAGS
Share This