СЕКОЈА КАПКА ВОДА ИМА ВРЕДНОСТ Во Израел водата не се троши, се чува
Државата Израел ги собира, прочистува и повторно дистрибуира сите извори на вода

Во Израел водата е јавно добро и загубите се сведени на само 5-7%, со план за намалување на 4% во наредните десет години. Секој дел од водата се собира, прочистува и повторно се дистрибуира за домаќинствата, земјоделството и индустријата.
Земјата вложува значајни средства во водниот сектор, а управувањето е централизиранo. Главна улога има државната компанија „Мекорот“, која управува со цевководите, акумулациите и обезбедува безбедна вода за пиење, индустрија и земјоделство. Во системот учествуваат и приватни фабрики за десалинизација.
Израел користи три извори на вода: природна, десалинизирана морска вода и прочистена рециклирана вода. Денес 86% од отпадната вода се реупотребува, главно за наводнување и индустрија.
Цените на водата се транспарентни и униформни, со тарифи според потрошувачката, додека сите приходи се реинвестираат во секторот за долгорочна одржливост.
Израелскиот модел покажува дека стратешкото планирање, инвестициите во технологија и високата свест за вредноста на водата овозможуваат ефикасно и одржливо управување со овој клучен ресурс.


