МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ – ДЗР е клучен столб за контрола на јавните финансии

Димитриеска Кочоска најави нов закон за зајакнување на независноста на ДЗР

МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ – ДЗР е клучен столб за контрола на јавните финансии
Фото: Национал

Државниот завод за ревизија се изгради како независна, професионална и кредибилна институција и претставува клучен столб во контролата и одговорното управување со јавните финансии, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на одбележувањето на 26 години од формирањето на ДЗР.

Таа истакна дека во услови на зголемени фискални предизвици и ограничени ресурси, улогата на државната ревизија е од суштинско значење за транспарентноста, отчетноста и заштитата на јавните средства.

Ревизорските наоди и препораки, според неа, се важна основа за подобрување на јавните политики и за јакнење на довербата на граѓаните во институциите.

Димитриеска Кочоска информираше дека новиот Закон за државна ревизија е во финална фаза и ќе овозможи поголема финансиска и оперативна независност на ДЗР, како и поефикасно следење на спроведувањето на ревизорските препораки, во согласност со европските и меѓународните стандарди.

CATEGORIES
Share This