КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО СЕКОЈДНЕВНИОТ СТРЕС Пет начини да ја исфрлите негативната енергија
Животот денес е брз и исцрпувачки, особено во градска средина, а лошата исхрана дополнително го оптоварува организмот.

Животот денес е брз и исцрпувачки, особено во градска средина, а лошата исхрана дополнително го оптоварува организмот. За полесно да ја исфрлите негативната енергија и да останете функционални, следете ги овие пет кратки совети:
Длабоко дишење – Одвојте една минута во тивок простор, затворете ги очите и дишете длабоко. Ова го смирува срцето и го опушта мозокот во моменти на стрес.
Квалитетен појадок – Не го започнувајте денот со кафе на празен желудник. Комбинирајте пециво со јогурт, јајце или житарки за повеќе енергија и подобра концентрација.
Лесна физичка активност – Дури и ако сте уморни, пуштете музика, прошетајте, танцувајте или возете велосипед. Движењето е најбрз начин да се ослободите од напнатост.
Пронајдете свое катче за релаксација – Музика, чај, топла бања или миризливи свеќи. Создадете мала зона каде што ќе се чувствувате смирено.
Изразете ги чувствата – Понекогаш изворот на стрес е подлабок. Запишувајте ги мислите или разговарајте со блиските. Вочи искажувањето е еден од најдобрите начини за намалување на негативната енергија.


