АКО МОЖЕ РОНАЛДО И на Меси не му се оди во пензија, фановите воодушевени
Имаше шпекулации во јавноста дека Меси ќе ги израдува фановоите на Барселона и ќе заигра барем уште една година за Барса на новиот “Камп Ноу“ пред да ја заврши блескавата кариера

„Атлетик“ пренесува дека нема ништо од враќањето на Лео Меси во Барселона. Имаше шпекулации во јавноста дека Меси ќе ги израдува фановоите на Барселона и ќе заигра барем уште една година за Барса на новиот “Камп Ноу“ пред да ја заврши блескавата кариера.
Како што пренесуваат медиуми во САД, Меси нема намера да се враќа во Европа, туку има намера да потпише нов двегодишен договор со Интер Мајами и тоа во 2026 година. Познато е дека договорот со клубот од МЛС му истекува на крајот на оваа година.
Вчера беше најавено дека и Кристијано Роналдо ќе потпише нов договор со Ал Наср, па ова секако е добра вест што уште барем една година ќе уживаме во мајсториите на великаните кои во последните две децении доминираа на терените ширум Европа и светот. Сето ова би требало да значи дека ќе ги гледаме овие двајца врвни напаѓачи и на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Најдобриот фудбалер на сите времиња Лео Меси досега за Интер Мајами одигра 48 меча а притоа постигна 42 гола а имаше и 21 асистенции. Меси во јуни ќе наполни 38 години.


