ЕВН СО ИНФОРМАЦИЈА Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја

ЕВН Македонија АД информира дека денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија на две локации во Скопје. Во општина Гази Баба, од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе остане дел од улиците „Коце Металец“ и „Филип Филиповиќ“, на потегот од улица „Рударска“ до трафиките за храна кај паркингот. Прекинот ќе ги опфати и зградите на два „Баќа“ градители, како и објектот на „Коце Металец“ број 2.
Во општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата „Струшка“ исто така ќе бидат без електрична енергија.
Од компанијата апелираат жителите навреме да ги планираат своите активности.
CATEGORIES Македонија


