ОБВИНЕТИОТ ВО ПУЛС КАМБЕРИ СО ТАЈНА ТЕХНОЛОГИЈА 13 мобилни и лаптоп пронајдени во неговата ќелија
Службеникот во Министерството за економија побарал и добил 200 евра за лиценца за угостителска дејност

Во 2019 година, обвинетиот службеник во Министерството за економија, Џеваир Камбери, директно побарал и примил 200 евра од Дејан Јованов на неговата банкарска сметка, без да се спроведе законска постапка за добивање лиценца за угостителска дејност.
На третото рочиште за случајот „Пулс“, трагедијата од 16 март 2025 година во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, кај обвинетиот Камбери биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп. Судијката Диана Груевска Илиевска го опомена обвинетиот, кој изјави дека ги нашол уредите кога дошол во затворот.
„Ги пронајдов телефоните кога стигнав таму“, рече Камбери пред Судот.
Непосредно пред рочиштето беа поднесени и нови полномоштва од оштетените лица. Денешното рочиште се очекува да вклучува произнесување на вина и воведни зборови на одбраната.
Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднините на жртвите, обвинителството, одбраната и новинари.
Обвинителството, предводено од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, како резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.
На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници, меѓу кои и Џеваир Камбери, кај кого беа пронајдени телефоните.
Во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.


