ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ АЛАРМИРА Изборот на македонски судија во Стразбур е однапред наместен

Поранешенио просветен инспектор тврди дека процесот е компромитиран а Антикорупциската комисија не промени ништо“

ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ АЛАРМИРА Изборот на македонски судија во Стразбур е однапред наместен
Фото: Национал

Поранешниот просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски, повторно ја отвори темата за регуларноста на изборот на судија од Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. Тој упати обраќање до 386 релевантни институции, парламенти и медиуми во Европа, укажувајќи на сериозни индикации за влијанија, притисоци и можни организирани механизми кои можеле да го компромитираат кредибилитетот на процесот.

Илиевски посочува дека уште пред еден месец јавно предупредил за опасност од нерегуларности преку колумна во „Нова Македонија“ и дека сите негови аларми се потврдиле. Според него, селекцијата имала карактеристики на однапред организирана и насочена постапка, а вмешувањето на Антикорупциската комисија не ја променило ситуацијата – избраните кандидати останале исти.

Адресати на обраќањето на Илиевски се: 118 институции и служби на Советот на Европа, 164 национални парламенти и државни институции во Европа како и 104 медиуми и новинари, меѓу кои „Le Monde“, „Le Figaro“, „Süddeutsche Zeitung“, „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, „Corriere della Sera“, „La Repubblica“, „El País“ и регионални медиуми, вклучувајќи „Нова Македонија“

Илиевски истакнува дека официјално биле известени и: Експертскиот панел на Советот на Европа кој го спроведува второто интервју и дава стручно мислење за кандидатите и претставниците во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) кои гласаат за конечниот избор.

Илиевски бара итна независна ревизија на сите фази од селекцијата, проверка за можен судир на интереси и обезбедување дека европските тела нема да бидат доведени во заблуда од локални влијанија или мрежи

Тој нагласува дека не упатува обвинение, туку бара непристрасно институционално дејствување за заштита на европските стандарди за транспарентност и правичност, како и за зачувување на меѓународниот кредибилитет на земјата.

Илиевски стои на располагање за дополнителни информации, документација или појаснувања, и ги доставил своите анализи и колумни, вклучително и текстот од 15 октомври 2025 година објавен во „Нова Македонија“.

CATEGORIES
TAGS
Share This