КАМЕРИТЕ НА БЕЗБЕДЕН ГРАД ОТКРИЈА ХАОС – 65.000 прекршоци за само 12 часа

Нов систем, шокантен старт, за само за неколку часа илјадници минати на црвено и стотици возат без регистрација.

КАМЕРИТЕ НА БЕЗБЕДЕН ГРАД ОТКРИЈА ХАОС – 65.000 прекршоци за само 12 часа
Фото: Принтскрин

Во првите 12 часа од работењето на системот „Безбеден град“ (Safe City) биле регистрирани неверојатни 65.000 сообраќајни прекршоци, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Со овој проект започнуваме нова етапа во унапредувањето на сообраќајната безбедност. Сите сторители на прекршоци ќе добиваат електронско известување, документирано со современи технички средства и опрема за снимање. Нашата цел е јасна – повеќе безбедност, помалку прекршоци и нулта толеранција за несовесно возење, без разлика дали се работи за урбана средина или пат надвор од населено место“, изјави Тошковски.

Во првите часови од пробното функционирање се регистрирани 65.000 прекршоци, од кои 2.800 за поминување на црвено светло и 1.000 за возење со нерегистрирано возило.

„Овие алармантни бројки уште еднаш ја потврдуваат неопходноста од системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патиштата. ‘Безбеден град’ ќе донесе поголема дисциплина, транспарентни процедури и побрза електронска комуникација со граѓаните. Ова е инвестиција во спасени животи и побезбедни улици“, додаде министерот.

Тој истакна дека МВР продолжува посветено да работи на модернизација на процесите и унапредување на квалитетот на услугите.

CATEGORIES
TAGS
Share This