АЛЕКСАНДАР ДО ПАЛЧО: НE ВЕ ПОЗНАВАМ И НЕ САКАМ ДА ОДГОВАРАМ НА ВАШИТЕ ПРАШАЊА – Палчо до Александар: Вие стe неправедно обвинет
Ниту ве знам нуту познавам, не сум контактирал, нIту познавам човек што вас ве познава. Сакам повеќе да не одговарам на ваши прашања бидејќи одговорите ќе бида исти

Таткото на убиената Вања, Алескандар Ѓорчески, на денешната расправа одби да одговара на прашањата што му ги поставуваше првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо. Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не одговара на прашањата од Палевски и на наредните прашања од Палчо ја повторуваше реченицата „Немам коментар“.
Обвинетиот Ѓорчевски денеска после дадениот исказ, одговараше на прашањата од обвинителството и одбраната. Палчо му поставуваше прашања директно. Најпрви Палчо го праша Александар дали слушнал дека има комуниакија со некој од семејството.
„Ниту ве знам нуту познавам, не сум контактирал, нуту познавам човек што вас ве познава. Сакам повеќе да не одговарам на ваши прашања бидејќи одговорите ќе бида исти“, му одговори Ѓорчевски.
Палчо, сепак продолжи да го распрашува. Го праша дали слушнал од Зорица дали имал некаков проблем со станарите.
„Немам коментар“, одговори Александар.
Палчо го праша Александар дали доколку тие биле во дослух од користољубие да ја принудат Зорица да даде пари „нели е пологично да се убие Зорица, а не Вања?“.
„И на ова прашање немам коментар“ – возврати Александар.
Палевски продолжи со својата агенда.
Го праша Александар дали во затвор рекол „Нека дојде Палчо во очи во очи нека каже дали сме се запознале“,
„Немам коментар“, повторно одговори таткото на Вања.
Вие сте неправедно обвинет, му рече на крајот Палевски на Александар.


