АЦЕ БОЦЕВСКИ „ЦИГАНОТ“ БАРАН СО ЕВРОПСКА ПОТЕРНИЦА НЕМА ДА БИДЕ ЕКСТРАДИРАН Грчкиот суд оценил дека казната е застарена според нивното кривично право

Шеесетгодишниот Боцевски бил осуден на 15 години затвор за намерно предизвикана сообраќајна несреќа во која го застрелал 37-годишниот оштетен.

АЦЕ БОЦЕВСКИ „ЦИГАНОТ“ БАРАН СО ЕВРОПСКА ПОТЕРНИЦА НЕМА ДА БИДЕ ЕКСТРАДИРАН Грчкиот суд оценил дека казната е застарена според нивното кривично право

Македонски државјанин, баран со европска потерница за убиство извршено во 1997 година, нема да биде екстрадиран во земјава поради застареност на случајот, одлучи судот во Солун, пренесе АНА-МПА. Со тоа му е укинат и притворот.

Шеесетгодишниот Боцевски бил осуден на 15 години затвор за намерно предизвикана сообраќајна несреќа во која го застрелал 37-годишниот оштетен. По пуштање од притвор избегал во Грција, каде со години живеел и имал бизнис со изнајмување соби.

Пред судот тврдеше дека бил мета од политички причини поради служба во обезбедувањето на тогашниот претседател Киро Глигоров. Грчкиот суд оцени дека казната е застарена според нивното кривично право и го одби барањето за екстрадиција.

CATEGORIES
Share This