ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ДОЖД ВО ЗАПАДНИТЕ РЕГИОНИ Умерен јужен ветер и температури до 16 степени

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ДОЖД ВО ЗАПАДНИТЕ РЕГИОНИ Умерен јужен ветер и температури до 16 степени

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска не очекува променливо облачно време со сончеви интервали. Во западните делови од земјата ќе има повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринските температури изнесуваа од –1 до 6 степени, додека дневните ќе се искачуваат меѓу 6 и 16 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со повремени сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од 2 степени наутро до околу 13 степени во текот на денот.

Од УХМР информираат дека утре ќе преовладува претежно облачно време, проследено со локални врнежи од дожд и слаб до умерен јужен ветер. Максималните температури ќе се движат во интервалот од 10 до 16 степени.

До сабота ќе продолжи нестабилниот период со претежно облачно време и повремени врнежи од дожд, а најинтензивни врнежи се очекуваат во четврток. На повисоките планини ќе има услови за појава на снег. Од четврток наваму ќе започне да дува северен ветер, кој ќе донесе посвеж воздух и пад на температурите.

CATEGORIES
Share This