ДЕНЕС ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ – Сонце, облаци и јужен ветер го мешаат денот

Јужниот ветер носи топлина, но и брзи промени во облачноста низ целата земја.

ДЕНЕС ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ – Сонце, облаци и јужен ветер го мешаат денот
Фото: Национал

Времето денеска (24.11.) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од -1 до +14 – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

CATEGORIES
Share This