СТУДЕНТСКА ЕУФОРИЈА Подигнати над 33.000 ваучери за студенти а11.500 уреди веќе подигнати

Висок интерес и брза реализација, студентите масовно ги користат ваучерите и ја дигитализираат наставата

СТУДЕНТСКА ЕУФОРИЈА Подигнати над 33.000 ваучери за студенти а11.500 уреди веќе подигнати
Фото: Влада

Заклучно со вчера, доделени се вкупно 33.682 ваучери за студенти за набавка на електронски уред во вредност од 15.300 денари. Од нив, 11.500 студенти веќе го искористиле ваучерот и подигнале нов уред.

Според Владата, бројките потврдуваат дека интересот е голем, имплементацијата стабилна, а мерката дава реални резултати. Како што истакна портпаролката Марија Митева, програмата е внимателно планирана од Генералниот секретаријат во координација со Министерството за дигитална трансформација и Министерството за образование и наука.

Оваа институционална соработка, рече Митева, овозможила брза организација, јасни услови за студентите, технички усогласен систем за распределба и реализација на ваучерите, како и висока транспарентност на процесот.

Таа додаде дека Владата ќе продолжи да ја следи реализацијата кај овластените трговци, да обезбедува поддршка за студентите и да подготвува нови политики насочени кон дигитализација и модернизација на образованието.

CATEGORIES
TAGS
Share This