ОРБАН СО ОСТРА КРИТИКА КОН ФОН ДЕР ЛАЈЕН Воена помош за Украина е како „на алкохоличар да му дадете уште една гајба вотка“

Фон дер Лајен претходно упати писмо до членките на ЕУ, во кое наведува дека има три можни начини за финансирање на Украина, меѓу кои и заем обезбеден со замрзнатите руски средства.

ОРБАН СО ОСТРА КРИТИКА КОН ФОН ДЕР ЛАЈЕН Воена помош за Украина е како „на алкохоличар да му дадете уште една гајба вотка“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по нејзиното барање земјите-членки да издвојат повеќе пари за Украина. Тој изјави дека тоа го потсетува „на обид да му се помогне на алкохоличар со уште една гајба вотка“, алудирајќи дека, наместо да се бара надзор или прекин на плаќањата, Комисијата бара дополнителни средства.

Орбан рече дека е зачуден од барањето и додаде дека „Унгарија не го изгубила здравиот разум“.

Фон дер Лајен претходно упати писмо до членките на ЕУ, во кое наведува дека има три можни начини за финансирање на Украина, меѓу кои и заем обезбеден со замрзнатите руски средства.

CATEGORIES
Share This