АМСМ ПРЕПОРАЧУВА ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ Делницата од автопатот Велес- Градско затворена поради отпаднати делови од приколка
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради пожар и отпаднати делови од приколка, од 01:20 часот затворена е делницата од автопатот А1 Велес – Градско, а сообраќајот се пренасочува по експресниот пат Градско – Дреново, информира АМСМ.
На магистралниот пат Прилеп – Градско сообраќајот се одвива наизменично, а на останатите државни патишта – по влажни коловози и со умерен интензитет.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сигнализацијата, особено на патиштата низ котлините и клисурите, каде постои опасност од одрони.
CATEGORIES Македонија


