ВЛАХОВИЌ ОПТИМИСТ Успехот на дебито под Спалети е само почеток!

Душан Влаховиќ, напаѓачот на Јувентус, ја започна новата сезона со одличен настап во првиот натпревар под водство на тренерот Лучано Спалети. „Старата дама“ забележа победа од 2:1 против Кремонезе, што е позитивен старт за новиот стратег, кој го замени Игор Тудор. Влаховиќ, кој е најдобриот стрелец на тимот, изрази задоволство од резултатот, но и од начинот на кој играат.
„Си имам свои методи кои очигледно функционираат, би сакал да останат меѓу нас. Игравме добар натпревар, можевме подобро, но најбитно е што победивме!“, изјави Влаховиќ, нагласувајќи дека неговиот фокус е на тимот и на барањата на тренерот. „Јас ја извршувам својата работа и се трудам да бидам максимално фокусиран, работејќи за тимот и она што го бара тренерот. Тоа сум јас, не го правам за да покажам нешто, туку затоа што ми е заиста важно.“
По успешниот старт, Влаховиќ најави дека тимот се враќа во Торино, каде што ги очекуваат уште два натпревари во следните денови. „Се надеваме дека ќе ја завршиме со две победи пред паузата“, додаде тој, демонстрирајќи оптимизам за идните предизвици.


