РЕЧИСИ 17 ИЛЈАДИ СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ БИЛЕ ЕВИДЕНТИРАНИ ВО МЕСЕЦ ОКТОМВРИ – 4821 за пречекорена брзина

Поради безобзирно управување биле лишени од слобода 121 лице – 94 под дејство на алкохол, четири под дејство на дрога, 23 за возење со недозволена брзина.

РЕЧИСИ 17 ИЛЈАДИ СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ БИЛЕ ЕВИДЕНТИРАНИ ВО МЕСЕЦ ОКТОМВРИ – 4821 за пречекорена брзина

Во периодот од 1 до 31 октомври 2025 година, полициските службеници низ земјава издале вкупно 16.801 платен налог, од кои 4.821 за пречекорена брзина. Поради безобзирно управување биле лишени од слобода 121 лице – 94 под дејство на алкохол, четири под дејство на дрога, 23 за возење со недозволена брзина.

Во октомври се евидентирани 4.165 неправилни паркирања, 1.888 возачи без дозвола и 373 под дејство на алкохол. Санкционирани се и 111 мотоциклисти без шлем, 232 пешаци, 63 возачи на електрични тротинети и 942 лица кои не користеле сигурносен појас.

Од сообраќај биле отстранети 480 нерегистрирани и 176 технички неисправни возила, а казнети се и 145 возачи поради недозволено затемнување на стаклата.

Сообраќајните контроли продолжуваат, а МВР апелира за почитување на правилата и поголема внимателност во сообраќајот.

CATEGORIES
Share This