ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС Снег на планините, дожд во градовите

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС Снег на планините, дожд во градовите

Влажен и поладен бран од северозапад преку Алпите се движи кон Македонија и ќе донесе промена на времето од понеделник попладне и навечер, соопштуваат метеоролозите. Според прогнозите, врнежите и падот на температурите ќе се почувствуваат најинтензивно во текот на ноќта кон вторник и во вторник (4 ноември).

Очекувани се повремени локални врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни, со количина до 15 литри на метар квадратен. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе донесе значително заладување и свежо време.

И во Скопје и околината ќе има локални врнежи, проследени со засилен северен ветер и повремени грмежи. Со падот на температурите, на повисоките планински врвови како Пелистер, Шар Планина, Кораб и Солунска Глава се очекува провејување на снег, што ќе го означи почетокот на вистинскиот есенско-зимски период.

Температурите во вторник ќе се спуштат значително под денешните вредности, со максимални дневни температури меѓу 8 и 16 степени Целзиусови, додека во Скопје максималната температура ќе достигне околу 12 степени.

Метеоролозите најавуваат дека по ова заладување, кон средината на неделата повторно ќе настапи стабилизирање на временските услови, со суво, но посвежо време.

CATEGORIES
Share This