ИЗЛЕЗНОСТ ДО 17 ЧАСОТ Гласале 279.241 граѓани или 39,28 отсто

Гласањето тече мирно, зголемена активност во Кичево и Брвеница пред вториот круг

ИЗЛЕЗНОСТ ДО 17 ЧАСОТ Гласале 279.241 граѓани или 39,28 отсто
Фото: Национал

Државната изборна комисија информира дека до 17 часот на изборите излегле да гласа 279.241 граѓани.

Гласањето се одвива мирно, без поголеми неправилности.

Според податоците по општини, значајно се разликува излезноста:
Аеродром – 36%, Боговиње – 34,53%, Валандово – 53%, Дебар – 35,91%, Дебарца – 51%, Демир Капија – 45%, Карпош – 40%, Конче – 64%, Кочани – 34%, Крушево – 61%, Куманово – 27%, Лозово – 62%, Македонска Каменица – 45%, Македонски Брод – 46%, Струга – 35%, Тетово – 39%, Центар – 39%, Чучер Сандево – 51%, Шуто Оризари – 25%.

Најголема излезност е забележана во Конче, Дојран и Росоман, каде што процентот на гласачи е над просекот, додека најслаба излезност има во Куманово и Шуто Оризари.

Што се однесува до двете општини Кичево и Брвеница каде се водат неизвесни битки за градоначалник во вториот круг излезноста е прилично зголемена. Во Брвеница таа е зголемена за 10 отсто. Пред две недели излезноста до 15 часот изнесуваше 30, 55 отсто, а денеска 40,83 проценти.

Во Кичево во привот груг на 19 октомври излезноста до 15 часот беше 36,22, а денеска 40,06 отсто.

Гласањето продолжува до 19:00 часот, а ДИК ќе ги објави конечните податоци за излезност и првичните резултати откако ќе заврши гласањето.

CATEGORIES
Share This