ДИК ОБЈАВИ ИЗЛЕЗНОСТ ДО 15 ЧАСОТ – 30,26% од граѓаните гласале
Пад на излезеноста во вториот круг: помал интерес од првиот круг на изборите

Државната изборна комисија на денешната попладневна прес-конференција соопшти дека излезеноста до 15 часот изнесува 30,26 проценти, односно на гласање излегле 208.571 граѓани.
Кога станува збор за изборите за градоначалник на Град Скопје, излезеноста до истиот термин е 29,94 проценти, што претставува 104.182 гласачи.
За споредба, во првиот изборен круг излезеноста изнесуваше 31,16 проценти, а своето право на глас го искористиле вкупно 365.977 граѓани.
CATEGORIES Македонија


